Федерален судија во петокот осуди бел расист на 90 доживотни затворски казни за убиство на 23 лица во напад на супермаркет во Тексас, чија цел биле Американци со шпанско потекло, објавија локалните медиуми, во нападот беа повредени уште 22 луѓе.
Казната е дел од договорот за признавање вина во федералниот суд во Ел Пасо во кој Патрик Крусиус (24) се изјасни за виновен и се согласи на затвор за да ја избегне смртната казна.
Сепак, сè уште постои тековен случај во државниот суд во Тексас што може да резултира со егзекуција.
Крусиус возел повеќе од илјада километри од предградијата на Далас до Ел Пасо на границата со Мексико и на 3 август 2019 година изврши масакр со калашников од романско производство и експандирачки куршуми.
Пред пукањето, тој објави манифест на Интернет во кој напиша: „Овој напад е одговор на шпанската инвазија на Тексас. Тие се виновни, не јас. Јас само ја бранам својата земја од културниот и етничкиот инженеринг до кој не доведе инвазијата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.