Четири кинески компании се обвинети во САД за тргување со хемиски производи за производство на фентанил, опасен опиоиден лек, соопшти денеска американскиот министер за правда Мерик Гарланд.
Обвинети се и осум вработени или функционери на тие компании, а двајца од нив се уапсени, додаде Гарланд на прес-конференција.
Само една од компаниите беше обвинета дека увезла во САД повеќе од 200 килограми хемиски супстанци за производство на повеќе од 50 килограми фентанил, што, како што рече министерот, било „доволно да убие 25 милиони Американци“.
Фентанил, синтетичка опиоидна дрога која е 50 пати помоќна од хероинот, денес е водечка причина за смрт кај Американците на возраст од 18 до 49 години.
Кина го забрани извозот на фентанил во САД во 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.