Двата дома на чешкиот Парламент го одобрија членството на Финска и Шведска во НАТО.

Претставничкиот дом речиси едногласно го прифати приемот на двете северни држави, на ноќната седница која заврши утрово.

Сенатот гласаше „за“ претходно овој месец. Последниот чекор од ратификацијата во Чешка е потписот на претседателот Милош Земан.

Со децении Финска и Шведска одбиваа да бараат членство во НАТО алијансата.

Сепак, руската воена операција во Украина го промени тоа бидејќи огромното мнозинство луѓе во двете земји сметаат дека членството е клучно за нивната безбедност.

Сите 30 земји-членки на НАТО треба да го ратификуваат предложеното проширување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.