Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган следниот месец ќе ги посети балканските земји и според турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу тоа ја потврдува посветеноста на земјата за мирот и стабилноста во регионот.

Посетата што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја направи на балканските земји следниот месец ја потврдува нашата посветеност на мирот и стабилноста на регионот. Турција силно ги поддржува мирот и стабилноста на Балканот – рече Чавушоглу.

Нагласувајќи дека Турција го поддржува ослободувањето на окупираните азербејџански територии, Чавушоглу рече дека неговата земја стои зад вистината и правдата и повторно ја предупреди Ерменија да се воздржи од нови провокации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.