Властите во Cеверна Кореја соопштија дека ракетните тестови што земјата ги извршила во последно време се за самоодбрана од директни воени закани на САД и тие не ја нарушиле безбедноста на соседните земји и регионот.

Cеверна Кореја изврши шест ракетни лансирања за 12 дена од оваа недела, вклучително и лансирање на ракета со среден дострел, што прелета преку јапонска територија во вторникот.

Нашите ракетни тестови се нормална, планирана мерка за самоодбрана за заштита на безбедноста на нашата земја и регионалниот мир од директни воени закани на САД – јавија севернојорејските медиуми, цитирајќи портпарол на воздухопловната админи страција.

Во соопштението се додава дека ракетните тестови „не претставувале никаква закана и не предизвикале штета за безбедноста на цивилното воздухопловство, како и безбедноста на соседните земји и регионот“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.