Во најновиот извештај на британското министерство за одбрана за состојбата на фронтот во Украина, се наведува дека руските сили, напредувајќи кон јужните приоди кон Донбас и градот Лисичанск, вршат зголемен притисок врз украинските војници во регионот, вклучително и градот Северодонецк.

Од 19 јуни, руските сили најверојатно напредувале повеќе од пет километри кон јужните приод кон Донбас, градот Лисичанск. Некои украински единици се повлекле, веројатно за да избегнат опколување.

 

Подобрените перформанси на Русија во овој сектор веројатно се резултат на неодамнешното засилување на единиците и поинтензивните огнени операции – се вели во извештајот на британското воено разузнавање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.