Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами денеска разговараше со својот полски колега Радек Сикорски, за време на посетата на Полска, првата станица од неговата дипломатска турнеја.

Веднаш на почетокот на својот мандат, Лами отиде да ги посети, како што рече, британските „клучни партнери“ во Европа – Полска, Германија и Шведска, кои се сите членки на НАТО, со цел зајакнување на односите на Велика Британија со Европската унија и нагласувајќи ја поддршката за Украина во нејзината војна против Русија.

Тој рече дека британската воена, економска, политичка и дипломатска поддршка за Украина ќе остане непоколеблива, додека во исто време официјален Лондон сака да ги „ресетира“ односите со Европа во областа на заштитата на климата, енергијата и миграцијата.

Лами беше назначен за министер за надворешни работи во петокот, по убедливата изборна победа на Лабуристичката партија. Новиот премиер Кир Стармер во вторник ќе отпатува за Вашингтон на состанок на НАТО.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.