Британското министерство за одбрана, споделувајќи го најновиот разузнавачки извештај за состојбата на фронтот во Украина, соопшти дека украинските сили заробиле пилот на соборен руски авион Су-25.

Во извештајот се додава дека авионото бил урнат на 17 јуни, а пилотот бил заробен брзо потоа.

Пилотот признал дека е поранешен мајор на руските воздухопловни сили, кој се вработил како воен изведувач на групата „Вагнер“ и летал неколку мисии за време на конфликтот.

 

Употребата на пензиониран персонал, кои сега работат како платеници на „Вагнер“ за спроведување мисии за блиска воздушна поддршка укажува на тоа дека руските воздухопловни сили веројатно се мачат да ја поддржат инвазијата на Украина со доволно воздушен екипаж.

 

Ова најверојатно се должи на комбинацијата на недоволниот број на соодветно обучен персонал во Русија и нејзините борбени загуби.

 

Додека ги извршувал своите мисии, рускиот пилот наводно користел комерцијални ГПС уреди наместо руска воена навигациска опрема.

 

Ова веројатно укажува дека авионите што ги користи „Вагнер“ се постари модели на Су-25 и дека руската авијација не му обезбедува на „Вагнер“ современа авионска опрема – се наведува во извештајот на британските разузнавачи..



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.