Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај наведува дека во Русија опаѓа поддршката за војната во Украина.

Извештајот се повикува на руски независен медиум, кој имал увид во резултатите од анкетата на руската Федерална служба за заштита, изготвена за интерна употреба. Според тие податоци, 55 проценти од Русите преферираат мировни преговори со Украина, а само 25 отсто поддржуваат продолжување на конфликтот.

И покрај обидите на руските власти да ја задржат контролата врз информациската средина, конфликтот во Украина стана проблематичен за голем број Руси од септември оваа година, кога беше прогласена делумна мобилизација, се наведува во извештајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.