Британскиот активист и адвокат, Питер Стефанович, го критикуваше Борис Џонсон дека ги обвинува светските цени на енергијата за поскапувањето на пилешкото во Велика Британија.

Тој ги сподели фактите на Твитер откако премиерот се појави на програмата „Добро утро, Британија“ за прв пат по повеќе од пет години.

Повикувајќи се на студија изработена од Британскиот совет за живинарство, Стефанович порача дека зголемувањето на цените, кое погодува милиони потрошувачи ширум земјата, воопшто не е поврзано со глобалните цени на енергијата, туку со трговските бариери наметнати по Брегзит и недостатокот на работна сила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.