Велика Британија, која овој месец претседава со Советот за безбедност на ОН, за утре свика состанок на Советот за безбедност. Главна тема на разговорите ќе бидат податоците за случувањата во Буча.

Тоа го објави постојаната британска претставничка во ОН, Барбара Вудворд.

Изминатиот викенд, во застрашувачки снимки и извештаи од Буча, видовме застрелани невооружени украински цивили. Повеќе од 800 тела се оставени на улиците или фрлени во масовни гробници. Го користиме нашето претседавање со Советот за да гарантираме транспарентност, одговорност и правичност – додаде Вудворд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.