Британија би можела да изгради до седум нови нуклеарни централи како дел од радикалната експанзија на производство на домашна енергија по војната во Украина.

Како што вели министерот бизнис, енергетика и индистриска стратегија, Квази Квартенг за „Сандеј Телеграф“, „постои свет во кој до 2050 година во Обединетото Кралство има шест или седум нуклеарни постројки“.

Како што пренесува „Јутарњи лист“, министрите се согласиле да основаат ново тело за развој наречено „Големата британска нуклеарка“ со цел да ги идентификува локациите, да ги намали бирократските пречки и да го забрза процесот на планирање, како и да собере приватни компании да управуваат со секоја од централите.

Новата британска стратегија за енергетска безбедност, која ќе биде претставена на крајот на следната недела, се очекува да ја обврзе владата да поддржи изградба на најмалку две нови големи нуклеарни централи до 2030 година со мали модуларни реактори, пишува британскиот весник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.