Велика Британија ќе и испрати на Украина дополнително количество противвоздушни ракети и муниција кои можат да соборат крстаречки ракети.

Британското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушните системи „AMРAAM“ ќе бидат доставени до Киев во наредните недели и дека тие би можеле да се користат со противвоздушните системи „НАСАМС“ ветени од САД.

Како што се наведува во соопштението, тоа ќе бидат првите проектили испорачани од Лондон кои можат да соборат крстосувачки ракети.

Тие проектили ќе помогнат да се заштити критичната национална инфраструктура на Украина – се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.