Британскиот министер за одбрана Бен Валас, порача дека ќе ја прифати можноста за снабдување на Украина со британски оружени системи со подолг дострел, доколку Русија продолжи да гаѓа цивилни области.
Имаме системи за оружје со поголем дострел и ако Русите продолжат да гаѓаат цивилни цели и ги прекршуваат одредбите од Женевската конвенција, јас ќе бидам отворен за разгледување на нашите следни чекори“, порача Валас, пренесува Ројтерс.
Украина ја обвини Русија дека користи беспилотни летала „камикази“ за да напаѓа објекти на енергетската инфраструктура и други цивилни цели.
Од почетокот на рускиот воена операција во Украина на 24 февруари, Обединетото Кралство има посветено 3,8 милијарди фунти за поддршка на Украина, вклучувајќи воена обука, снабдување со оружје и хуманитарна помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.