Британскиот министер за ветерани, Лео Дочерти ги повика поранешните бранители да не се приклучуваат на војната во Украина и наместо тоа да им помогнат на Украинците од дома, преку хуманитарни акции и волонтирање.

Негиобиот повик доаѓа во момент на извештаи за ветерани од Британија и други земји кои патуваат во Украина за да се борат. Владата во Лондон советува да не се патува во Украина.

Дочерти им пиша на воените организации барајќи нивна поддршка во напорите да ги спречат ветераните да заминат во Украина. Исто така, се наведува дека Владата не ги поддржува волонтерите кои заминуваат во Украина, бидејќи тоа може да ги доведе во значителен ризик.

Знаеме дека нелегалната инвазија на Русија со право предизвика силни чувства на поддршка за украинскиот народ. Ветераните секогаш се подготвени кога е потребно, но тие мора да ги насочат своите вештини, искуство и страст во легални патишта на поддршка за Украина и да не се вклучат во конфликтот. Постојат многу начини на кои сите ние можеме да го поддржиме украинскиот народ, вклучително и преку донирање пари во хуманитарни цели, напиша Дочерти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.