Украина не може да влезе во НАТО додека има војна на нејзина територија, објави денеска европскиот комесар за единствен пазар Тиери Бретон.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара членство во НАТО, но, како што знаете, за да влезе во Северноатлантскиот договор, земјата не смее да има воени операции на своја територија, додека Украина е земја во војна, така што очигледно е дека ова во моментов е невозможно“, изјави Бретон за француската телевизија БФМ.

Тој ја опиша оваа ситуација како „политички демарш“ и изјави дека украинското барање е „симболично“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во септември објави дека Украина поднела апликација за членство во НАТО, по забрзана процедура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.