Српската фудбалска репрезентација со резултат од 2:0 вечерва загуби од селекцијата на Бразил на Светското првенство во Катар.

Со двата гола на Ришарлисон, Бразил на крајот славеше триумф над Србија во последниот натпревар од првото коло на групните натпревари на Мундијалот во Катар.

И покрај тоа што Србија се надеваше на изненадување, сепак, имаше сили само за едно полувреме, а во вториот дел „кариоките“ стапија на сцена и со два гола успеаја да победат, а имаа уште 2-3 супер шанси (еднаш ја погодија и пречката) да слават и поубедлив триумф.

Ришарлисотн најпрво во 62. минута го совлада Вања Милинковиќ-Савиќ откако смести одбиена топка во празната мрежа, а потоа напаѓачот на Бразил со прекрасен гол со полуножички донесе водство од 2-0, и триумф на фаворитот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.