Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, денеска го коментираше настанот во украинскиот град Буча и рече дека нема да го нарече геноцид.

Зборот геноцид би го употребил за многу пострашни работи – изјави Борел во интервју за радиостаницата COPE, пренесува РИА Новости.

Настаните во градот Буча доведоа до нова серија меѓусебни обвинувања меѓу Русија и Украина.

Киев ги обвинува руските сили за воени злосторства во тој град со убивање цивили, додека Москва тоа категорично го отфрла и тврди дека станува збор за уште една провокација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.