Шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеф Борел денеска изјави дека рускиот финансиски систем не може целосно да се исклучи од SWIFT.

Борел беше прашан зошто само дел од руските банки ќе бидат исклучени од SWIFT. Шефот на дипломатијата на ЕУ призна дека тоа не може да се направи „преку ноќ“ поради силната меѓусебна поврзаност на рускиот финансиски систем со другите земји и економии.

Веруваме дека мораме да го одржиме финансискиот систем да работи за луѓето да можат да го користат, да испраќаат пари на роднините, да плаќаат за нешто што им треба, да продолжат со размената со Русија“, рече Борел.

Истовремено, тој додаде дека нивото на исклучување на Руската Федерација од SWIFT е избрано на таков начин што „да се создаде максимална штета на рускиот финансиски систем, а притоа да се одржува минимално ниво на интерконекција со другите финансиски системи“.

Претходно САД, Франција, Канада, Италија, Велика Британија, Германија и Европската комисија донесоа одлука за зголемување на санкциите. Покрај отсекувањето на неколку банки од SWIFT, западните држави ја ограничија и способноста на Банката на Русија да го поддржи курсот на рубљата со помош на меѓународни финансиски трансакции. Покрај тоа, на богатите Руси ќе им биде забрането да добијат европско државјанство во замена за инвестиции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.