Европа ќе мора да коегзистира со Русија по завршувањето на конфликтот во Украина, затоа мора да се вложат сите напори за одржување на дијалогот со Москва – изјави шефот на европската дипломатија Џозеф Борел за денешното издание на францускиот „Журнал де диманш“.
Русија ќе продолжи да постои и важно е јасно да се дефинира како имаме намера да живееме со неа. Ќе биде многу тешко, но мораме да комуницираме со Русите. Неопходно е да продолжиме разговорите со Москва – рече Борел, пренесе РИА Новости.
Тој, исто така, укажа на важноста на отворените канали за комуникација со Русија, потсетувајќи на патувањата на австрискиот канцелар Карл Нехамер во Москва во април, како и на претседателот на Африканската унија, Маки Сал, во Сочи на почетокот на јуни.
Борел изјави дека двајца претставници на генералниот секретар на ОН се во Русија, кои се обидуваат да го решат проблемот со извозот на украинското жито.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.