Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска по пристигнувањето на самитот на Европската политичка заедница во Гранада изјави дека на Украина ѝ е потребна поддршка од ЕУ и дека Брисел истата ќе ја зголеми, но нагласи дека ЕУ не може да ги замени САД.
Бoрел рече дека „не е добра вест“ што конфликтите во Вашингтон фрлаат сомнеж за продолжувањето на поддршката за Украина и се надева дека тоа сè уште не е конечниот став на САД.
Тој изрази жалење што претседателите на Азербејџан Илхам Алиев и на Турција Реџеп Тајип Ердоган не присуствуваат на самитот во Гранада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.