Турскиот министер за правда Бекир Боздаг ги потврди шпекулациите дека за експлозијата е одговорна жена со црн шал, која носела торба во раката.

Жената седеше на една од клупите повеќе од 40 минути, а потоа стана. Експлозијата се случила две минути по нејзиното заминување. Постојат две можности. Или имало механизам во чантата што ја активирал бомбата, па таа сама експлодирала, или некој ја активирал бомбата од одредена далечина – изјави министерот за правда Бекир Боздаг, пренесоа турските медиуми.

Боздаг додаде дека во моментов се испитуваат сите податоци за нејзиното движење и дека нејзиниот идентитет се’ уште не е познат, ниту пак е јасно која група би можела да стои зад нападот.

Сите бараат какви било информации за организаторот на нападот и идентитетот на жената која ја носела бомбата – изјави Боздаг.

На видеото од надзорната камера, која го сними моментот на експлозијата, се гледа торба покрај клупа на прометната авенија Истиклал во центарот на Истанбул.

Менаџерот на ресторан во близина на местото каде што експлодирала бомбата рече дека ја слушнал експлозијата и видел луѓе како трчаат. Десетици посетители на неговиот ресторан, меѓу кои и жени и деца, во паника почнале да врескаат, пишува АП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.