Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро проневерил накит вреден 1,2 милиони долари за време на неговиот мандат, се вели во извештајот на бразилската федерална полиција кој беше објавен од Врховниот суд.
Минатата недела, Болсонаро беше обвинет за проневера, перење пари и криминално здружување во врска со луксузен накит од Саудиска Арабија. Оваа истрага е дополнителен притисок врз екстремно десничарскиот лидер кој беше претседател од 2019 до 2022 година, кога изгуби на изборите од Луис Ињасија Лула да Силва.
Болсонаро досега не се огласил по најновиот полициски извештај, но претходно негираше вмешаност во проневерата на накитот. Станува збор за накит и часовници кои ги добивал како вредни подароци додека бил на функцијата претседател.
Болсонаро веќе има забрана за извршување на јавни функции до 2030 година поради, како што наведоа властите, нарушување на демократијата. Обвиненијата во врска со накитот следуваат по формалното обвинение против Болсонаро во март за фалсификување на потврда за вакцинација против Ковид-19, а во тек е и истрага за неговото учество во немирите од јануари 2023 година, на кои се бараше соборување на неговиот наследник на изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.