Руските сили депортирале речиси 40.000 луѓе од Мариупол во Русија или во отцепената Доњецка Народна Република, изјави градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, на денешниот брифинг.

„Веќе ги проверивме списоците на оние кои беа депортирани од Мариупол во Русија или т.н. ДПР. Речиси 40.000 луѓе. Сега тие почнаа да ги кријат овие списоци. За жал, во моментов не сме во можност да провериме сѐ, но ја продолжуваме работата“, изјави Бојченко.

Руската војска „го носи локалното население во предградието на Русија, на Далечниот исток или во Сибир и таму ги користи за различни работи“, рече Бојченко, додавајќи дека на жителите на Мариупол им се издава потврда за преселување и се вклучени во „понижувачки работи“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.