„Боинг“ плати 160 милиони долари на „Алјаска ерлајнс“ за да ги компензира загубите од инцидентот во јануари оваа година. „Алјаска ерлајнс“ соопшти дека парите ќе ги покријат загубите во добивката настанати во првите три месеци од оваа година и дека очекуваат нови исплати во наредните месеци.
Регулаторите привремено приземјија речиси 200 авиони „Боинг 737 Макс 9“, откако неискористениот „приклучок“ на вратата на авионот на „Алјаска ерлајнс“ падна на сред лет веднаш по полетувањето. Илјадници летови беа откажани по овој инцидент.
Сепак, потегот на „Боинг“ наиде на критики од патниците.
„Боинг“ јасно мисли дека е поитно и поважно да им се плати на оние чиишто корпоративни профити беа загрозени, наместо на оние чии животи беа загрозени и речиси изгубени“, вели Даниел Лоренс, партнер во фирмата „Стритметер“, која претставува дел патниците на авиокомпаниите во Алјаска.
Авиокомпаниите сега се соочуваат со доцнење на испораките откако „Боинг“ го забави производството на нови авиони во обид да ги реши проблемите со производството и безбедноста.
Во февруари „Рајанер“ предупреди дека патниците ќе платат повеќе за билети поради доцнењето.
„Јунајтед ерлајнс“ ги предупреди инвеститорите за финансискиот удар што произлегува од приземјувањето на авионите, а неодамна ги повика пилотите да земат доброволно неплатено отсуство.
Во јануари „Алјаска ерлајнс“ објави загуба од 150 милиони долари. Сепак, февруари и март имаа подобри резултати од очекуваните уште пред инцидентот.
„Боинг“ претходно потврди дека ќе потроши најмалку четири милијарди долари во првите три месеци од годината во однос на сумата што претходно се очекуваше. Компанијата е во криза од 5 јануари, кога патниците на летот на „Алјаска ерлајнс“ од Портланд до Калифорнија доживеале опасно искуство.
Истрагата покажала дека четирите завртки кои требало да ја прицврстат вратата на авионот не биле поставени. „Боинг“ очекува и кривична истрага за инцидентот, како и правна постапка покрената од патниците на авионот.
Минатиот месец, извршниот директор, Дејв Калхун, рече дека ќе се повлече до крајот на годината, што го прави најистакнатиот лидер што ја напуштил компанијата по кризата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.