Украина досега врати околу половина од територијата што ја зазеде Русија за време на инвазијата, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен во интервју за Си-Ен-Ен. Сепак, тој признава дека на Украинците им претстои уште многу тешка битка.

Осврнувајќи се на актуелната украинска контраофанзива, тој оцени дека таа сè уште е на почеток.

Тешко е. Работите нема да се решат во следната недела или две, туку веројатно ќе потрае неколку месеци, истакна Блинкен.

На прашањето дали Украина ќе добие борбени авиони Ф-16, Блинкен рече дека е уверен оти тоа ќе се случи.

Најважното е да се осигураме дека кога тоа ќе се случи, тие ќе бидат соодветно обучени, способни да ги одржуваат авионите и да ги користат на интелигентен начин, вели државниот секретар на САД.

Според најавите од поддржувачите на Украина, коалицијата од 11 нации ќе започне со обука на украински пилоти за летање на Ф-16 во август во Данска. Тренинг центар ќе биде отворен и во Романија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.