Шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен ќе има состанок следната недела со рускиот колега, Сергеј Лавров, „доколку Русија не ја нападне Украина“, соопшти Стејт департментот.
Портпаролот на американската дипломатија, Нед Прајс, изјави дека Блинкен му понудил состанок на Лавров, во Европа, Русите прифатиле и понудиле датуми за крајот на наредната недела. Тие се согласиле, но, како што појасни Прајс, под услов да не дојде до руска инвазија врз Украина.
Според официјално лице во Белата куќа, американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе разговара со „со трансатлантските лидери за руските војници, кои се насобрани на границата со Украина“, како и за напорите за доминација на дипломатијата во решавање на украинско-руската криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.