Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ќе се сретнат во Женева.

Плановите се да се разговара за нацртите на двата договори што Русија ги поднесе на 15 декември – изјави синоќа портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Захарова на прес конференцијата кажа дека Лавров и Блинкен пред два дена веќе имале телефонски разговор и дека Лавров го повикал Блинкен „да не шири шпекулации за наводната претстојна руска агресија“ во врска со ситуацијата во југоисточна Украина, туку да ги принуди властите во Киев целосно да го спроведат Договорот од Минск.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.