Државниот секретар Ентони Блинкен и претседателот на САД Џо Бајден излегоа денеска со соопштенија по повод 23 годишнина од „најразорниот напад на американска почва во историјата на нашата нација“.

На 11 септември 2001 годона група терористите ги одзеде животите на речиси 3.000 луѓе и повреди повеќе од 6.000 други, во најразорниот напад на американска почва во историјата на нашата нација, напиша Блинкен во денешното соопштение од Стејт департментот.

САД овој ден го прогласија за „Денот на патриотите“ на 25 октомври 2001 година, неколку недели по нападите.

-Денеска, на Денот на петриотите во 2024 година, ги почитуваме нивните сеќавања и стоиме во солидарност со семејствата и пријателите на оние што загинаа во Њујорк, Арлингтон, Вирџинија, и Шенксвил, Пенсилванија. Оддаваме почит на храбрите кои беа први одговорни и кои ги ризикуваа и ги жртвуваа своите животи за да спасат други.

-Исто така, се сеќаваме на нашите колеги кои беа убиени во Бенгази, Либија, на овој ден во 2012 година. Нивната храброст и посветеност продолжуваат да нè инспирираат и да ни служат како потсетник за издржливоста и жртвата кои ја дефинираат нашата мисија, изјави Блинкен

-Со одбележувањето на Денот на патриотите, потсетени сме на трајната сила на американскиот народ. Оваа издржливост ја поттикнува нашата постојана борба против тероризмот. Во годините од 11 септември, Соединетите Држави останаа решителни во одбраната на татковината, заштитата на нашиот народ и поддршката на нашите сојузници во оваа клучна мисија.

Во посебна изјава, претседателот на САД, Џо Бајден, рече дека САД се обединети во сеќавањето за „светата заклетва: никогаш да не заборавиме.“

-Никогаш да не го заборавиме секој од 2977-те драгоцени животи што ни беа украдени кога терористите ја нападнаа нашата земја. Никогаш да не ги заборавиме нивните семејства, кои сè уште ја носат тагата од тоа огнено септемвриско утро. Никогаш да не ги заборавиме херојските граѓани и преживеаните, кои се стрчаа да им помогнат на своите сонародници Американци. И никогаш да не заборавиме дека, соочени со злото и непријателот кој се обидуваше да нè раздели, ние останавме силни.“

Во својата изјава, шефот на Белата куќа нагласи дека под ударите на терористичките напади на 11 септември САД ја докажале издржливоста на американскиот народ.

-Граѓаните и војниците од Пентагон, кои се стрчаа во огнената пукнатина за да ги спасат своите колеги. Хероите од летот 93, кои му се спротивставија на теророт со апсолутна храброст и, несомнено, спасија уште повеќе животи на Американци. Соседите кои дојдоа за да им помогнат на своите соседи да се справат со тагата и да ја обноват својата сила, рече Бајден.

Пред 23 години, милитантите на терористичката организација „Ал Каеда“ киднапираа урнаа четири патнички авион во кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, како и во зградата на Пентагон. Четвртиот авион се урна на поле во Пенсилванија откако патниците кои се наоѓаа во леталото пружале отпор на киднаперите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.