Американскиот државен секретар Антони Блинкен во четвртокот побара од Израел да ги заштити цивилите во јужниот дел на Газа доколку прекинот на огнот заврши и воените операции продолжат, повторувајќи го правото на Израел да се брани од терористичко насилство.

Во разговор со премиерот Бенјамин Нетанјаху, Бликен истакна дека „пред да повторно да започнат воените операции, важно е да се земат предвид хуманитарните потреби и заштитата на цивилите во јужниот дел на Газа“, објави Стејт департментот.

Блинкен ја потврдил американската поддршка за „правото на Израел да се брани од тероризмот според меѓународното право“ и го повикал Израел да направи сѐ што е можно за да ги поштеди цивилите.

Во соопштението се нагласува дека САД се „непоколеблив сојузник на Израел кој го поддржува неговиот одговор на Хамас“, но се изразува стравување дека продолжувањето на борбите на југот на Појасот Газа може да доведе во стапица стотици илјади цивили кои веќе се раселени таму.

Шефот на американската дипломатија побарал од израелското правосудство да ги уапси „екстремните доселеници кои извршиле злосторства на Западниот брег“.

По разговорот со Нетанјаху, Блинкен со оклопен конвој возила заминал во Рамала на средба со претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас.

Ова е трета посета на Блинкен на Блискиот исток од почетокот на војната која започна на 7-ми октомври кога Хамас изведен невидено досега координиран, масивен и брутален напад во воени бази и кибуци и градови во јужен Израел.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.