Командантот на една од украинските единици, полковник Евгениј Межевикин, оцени дека битката за Бахмут може да стане пресвртница во војната и дека Украина е во состојба да го задржи градот и да ги потисне руските трупи.

Межевикин смета дека ако Украинците успеат да ги зачуваат своите неодамнешни успеси, битката за Бахмут може да биде пресвртница во одбраната на Украина против Русија, не само поради запирање на руската офанзива, туку и поради подготовката на силен контранапад. пишува „Украинска Правда“.

Според Межевикин, руските напади во Бахмут се забавени и избегната е непосредна закана од опколување. Тој додаде дека руските сили ги „исцрпиле сите свои резерви“.

Межевикин рече дека на северната и јужната страна на Бахмут, каде што руските трупи се обиделе да го опколат градот, Русите наишле на најмотивираните украински единици и дека „веќе немале сила“.

Сепак, додаде Межевикин, центарот на градот останува жариште, каде руските сили напаѓаат со значителна сила.

Украинските војници кои се борат во Бахмут рекоа дека руските војници ги фокусирале своите напори на продор кон центарот на градот, користејќи тешка артилерија и воздушни напади, наведува „Украинска Правда“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.