Доколку тоа се потврди, а засега има само тврдења на руското Министерство за одбрана, тогаш заземањето на овој Херсон, град на југот на Украина со речиси 300.000 жители, би било голема победа за руската армија, пишува Би-Би-Си.
Тоа ќе биде најголемиот град што ќе падне во рацете на Русија и ќе биде стратешка база за војската додека се обидува да турка понатаму во внатрешноста и на запад по должината на брегот до големиот пристанишен град Одеса. Херсон сам по себе е важно пристаниште на Црното Море и индустриски центар.
Контрола на Херсон значи и контрола на голем извор на вода. Украина го блокираше северниот дел на Кримскиот канал откако Русија го окупираше полуостровот Крим, така што најголемиот дел од снабдувањето со свежа вода за Крим беше прекинато, што предизвика недостиг на вода во анектираниот регион.
Една од првите цели на руската воена инвазија беше деблокирањето на тој воден пат и обновувањето на водоснабдувањето на Крим, наведува Би-Би-Си.
Инаку, градоначалникот Игор Коликаев (Ихор Колихајев) рече дека руски возила влегле во центарот на Керсон преку ноќ и дека на градот му треба чудо за да им се спротивстави на руските војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.