Дваесет шишиња вотка испратени од рускиот претседател Владимир Путин до италијанскиот политичар Силвио Берлускони ги прекршуваат европските санкции воведени поради руската инвазија на Украина, објави Европската комисија.

Поранешниот премиер Берлускони, чија партија Форца Италија ќе биде членка на новата коалициска влада, предизвика контроверзии оваа недела со изјавата дека повторно е во контакт со Путин.

„За мојот роденден ми испрати дваесет шишиња вотка и многу убаво писмо“, им рече Берлускони, кој минатиот месец наполни 86 години, на своите пратеници, според аудио снимката што ја пренесе новинската агенција ЛаПрес.

Европските санкции воведени во април вклучуваат забрана за увоз на руски алкохол, вклучително и вотка, соопшти Комисијата, додавајќи дека нема исклучоци за подароци. Но, останува на земјите-членки да ги спроведат овие санкции, а не се знае дали италијанските власти ќе направат нешто во врска со тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.