Белорусија соопшти дека почнала да ги повикува граѓаните да проверат дали ги исполнуваат условите за воена служба, но дека тоа не значи оти се планира мобилизација, пренесува Ројтерс.

Активностите за воена регистрација и запишување се строго рутински и се очекува да бидат завршени до крајот на оваа година – соопшти белоруското Министерство за одбрана.

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, минатата недела објави дека Белорусија и Русија почнале да распоредуваат заеднички вооружени сили долж границите на земјата.

Како што истакна белорускиот лидер, одлуката за распоредување на заеднички сили е донесена за време на разговорите со рускиот претседател Владимир Путин, а е поттикната од ескалацијата на непријателските активности на западната граница на Белорусија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.