Синдикатите пријавија дека на 31 мај ќе се одржи генерален штрајк во целата земја.
Национален генерален штрајк во целата администрација, државни институции и јавни претпријатија, вклучително и железничката, ќе ја парализира цела Белгија на 31 мај на иницијатива на социјалистичкиот синдикат.
Синдикалните акции ќе се водат како одговор на општата влошена состојба во државата, како што најавија. Цените на основните производи и на енергијата постигнаа рекордни бројки по Ковид-19 и војната во Украина.
Не се прецизира сѐ уште какви акции ќе се преземат. На 30 и 31 мај во Брисел се одржува и вонреден самит на ЕУ, што дополнително ќе го парализира градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.