Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави САД нема да ги испорачаат армиските тактички ракетни системи (ATACMS) како дел од новиот пакет воена помош за Украина.

Тој соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден ќе објави нов пакет кој ќе вклучува системи за воздушна одбрана и друго оружје за да и помогне на Украина пред тешката зима.

Американскиот лидер постојано разговара со своите воени и европски колеги, како и со самите Украинци, за тоа што е потребно на бојното поле во која било фаза од војната, изјави Саливан.

Тој објасни дека Бајден одлучил дека нема да испрати тактички ракетни системи, но дека и не ја исклучил таа можност за во иднина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.