„Американската влада не беше информирана дека Хамас планира напад врз Израел на 7 октомври“, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

-Нашата разузнавачка заедница соопшти дека тоа го прегледала и во моментов ништо не укажува дека имало било какви предупредувања за овој документ или било какво сознанија за него, изјави Кирби за телевизијата Ен-Би-Си.

Коментарот следеше по извештајот на весникот „Њујорк Тајмс“ со кој се откри дека Израел добил информации за потенцијален напад повеќе од една година пред нападот на 7 октомври.

Според „Њујорк Тајмс“, израелските власти споделиле документ од 40 страници, со кодно име „Ѕидот на Ерихон“, што го изложил борбениот план на Хамас. Планот, наводно, многу наликувал на нападот од 7 октомври.

Според извештајот, нацртот бил во рацете на израелските власти повеќе од една година пред нападот, а потоа бил циркулиран во воените и разузнавачките кругови. Меѓутоа, на крајот бил отфрлен од експертите како премногу амбициозен и премногу тежок за спроведување од страна на Хамас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.