Русија егзекутира војници кои не ги следат наредбите во нејзината крвава нова офанзива во источна Украина, додека претрпува „значителни“ загуби, нагласи Белата куќа.
„Имаме информации дека руската војска всушност егзекутирала војници кои одбиваат да ги следат наредбите“, изјави на брифинг портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби.
„Имаме информации дека руските команданти се закануваат со егзекуција на цели единици доколку се обидат да се повлечат од украинскиот артилериски оган“, додаде тој.
„Тоа е за осуда“.
Кирби не даде повеќе детали на прашањето за наводните егзекуции или како САД дошле до информациите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.