Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „тоа што се случило во Буча е ужасно и рускиот претседател Владимир Путин треба да одговара за воено злосторство“.

Бајден додаде дека мора да продолжи да се испраќа оружје во Украина, но и да се соберат сите информации и детали за да може да се одржи судење за воени злосторства.

Путин е брутален. Тоа што се случи во Буча е ужасно, сите го видоа. Мислам дека тоа е воено злосторство и Путин мора да одговара – изјави Бајден.

На прашањето како Америка ќе одговори, Бајден порача дека ќе бара повеќе санкции за Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.