Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека верува оти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „му прави повеќе штета отколку корист на Израел“ со неговиот пристап кон војната во Појасот Газа.
Американскиот лидер ја изрази „својата поддршка за правото на Израел на самоодбрана по нападот на палестинското движење Хамас на израелска територија на 7 октомври минатата година“, но за Нетанјаху рече дека „треба да посвети поголемо внимание на изгубените животи на невините луѓе, што беше последица на преземените дејствија“.
Бајден, кој со месеци го предупредува Израел дека ќе ја изгуби меѓународната поддршка поради огромниот број цивилни жртви во Појасот Газа, даде интервју за Ен-би-си.
За бројот на жртвите во Газа, кој, според Министерството за здравство, веќе изнесува околу триесет и една илјада луѓе, Бајден рече дека „тоа е во спротивност со ставот на Нетанјаху“.
И мислам дека тоа е голема грешка, истакна Бајден.
Тој додаде дека евентуалниот упад на израелските сили во египетскиот пограничен град Рафа во Појасот Газа, каде што се засолниле повеќе од 1,3 милиони Палестинци, за него е „црвена линија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.