Американскиот претседател, Џозеф Бајден, најави дека ќе разговара со другите лидери на групата Г7 за потенцијални дополнителни санкции против Русија поради војната во Украина.

Секогаш сме отворени за дополнителни санкции. Ќе разговарам со членките на Г7 оваа недела за тоа што ќе правиме или што нема да направиме – порача американскиот претседател.

Претходно од Еу најавија воведување шести пакет санкции против Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.