Американскиот претседател Џо Бајден утре телефонски ќе разговара со кинескиот колега Си Џинпинг за руската инвазија на Украина, соопшти Белата куќа.

Ова е дел од непрекнатите обиди да се одржи линија на комуникација меѓу САД и Кина. Двајцата лидери ќе дискутираат за ривалството меѓу двете земји, како и за војната меѓу Украина и Русија, но и други прашања за кои се засегнати двете страни, вели Псаки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.