Австрија ќе го укине карантинот за невакцинираните лица в понеделник, 31 јануари.
Да потсетиме, австриската влада во ноември воведе мерка за ограничување на движењето на граѓаните кои не се имунизирани, поради рекордниот број на заразени и притисокот врз болниците. Невакцинираните луѓе можеа да ги напуштат своите домови само поради одредени причини, како што се купување храна и работа.
Во Австрија од почетокот на пандемијата е поставен нов рекорден број на новозаразени, со најмалку 35.000 заразени.
Според Системот за епидемиолошко известување (ЕМС), во последните 24 часа се регистрирани 37.373 новозаболени лица.
Сепак, овие податоци мора да се „исчистат“ од можни двојни пријави, но бројот на новозаразени сигурно нема да биде помал од 35.000, што е највисоко од почетокот на пандемијата. Пред една недела бројот на новозаразени беше 27.677.
Откако се појави сојот омикрон, експертите предупредија дека дневниот број на новозаразени во Австрија наскоро ќе достигне рекордни 40.000.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.