Австрискиот канцелар, Карл Нехамер, се изјасни против воведување санкциите за увоз на гас од Русија, нагласувајќи дека дискусиите на таа тема го поттикнува растот на цените.

Пред Самитот на ЕУ, закажан за да се разговара за петтиот пакет санкции против Русија, кои би можеле да вклучуваат и ембарго на енергенсите, Нехамер нагласи дека забраната за увоз на рускиот гас и нафта би била нереални.

Тоа не треба да се случи, затоа што е погрешно и не е во согласност со реалноста. Австрија добива 80 отсто од гасот од Русија. Самата дискусија на таа тема е штетна, бидејќи поттикнува раст на цените – вели Нехамер во интервју за „Клајне цајтунг“.

Според официјални податоци, пополнетоста на складиштата за гас во Австрија во моментов е само 12,5 отсто.

Здружението на индустријалци, исто така, предупреди дека нема алтернатива за рускиот гас на краток рок.

Австрија не смее да го доведе во прашање сопственото снабдување со енергија – порача шефот на здружението, Георг Книл.

Тој нагласува дека оние кои се за ненадеен и непланиран прекин на испораките на гас од Русија, прво мора да објаснат од каде земјите како Австрија ќе ја добијат потребната енергија на краток рок.

Затворањето на славината за гас од еден ден во друг би имало катастрофални последици за секојдневниот живот, нашето снабдување со енергија и нашата економија. На тој начин ќе ја уништиме нашата индустрија и работните места – предупреди Книл.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.