Американските сенатори денеска ветија дека брзо ќе реагираат за да ја внесат Финска во НАТО, откако лидерите на земјата изразија поддршка за приклучување кон Алијансата соочени со руската инвазија врз Украина. Сенатот ги одобрува договорите и мора да даде согласност за зачленување нови членки во НАТО.
Сенаторот Боб Менендез, кој го предводи Комитетот за надворешни односи на Сенатот, на сослушувањето рече дека панелот „веќе работи на овозможување брзо разгледување“ и за Финска и за Шведска, доколку аплицираат.
Највисокиот републиканец на Комитетот, Џим Риш, ја оквалификува најавата на Финска „огромен чекор напред во иднината на трансатлантската безбедност…. ја продолжувам мојата посветеност да ја поддржам Финска преку овој процес“, напиша Риш на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.