Американскиот Сенат усвои резолуција со која се изразува поддршка за независноста на Украина и се предупредува за можноста од руска воена агресија врз земјата.

Чекорот на Сенатот дојде откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД ги имаат „сите сигнали“ дека за неколку дена ќе има потенцијален руски напад врз Украина.

Резолуцијата на сенаторите, која нема сила на закон, беше усвоена едногласно и без приговори.

Сепак, сенаторите се воздржаа од усвојување закон за санкции против Русија, придржувајќи се до стратегијата на Белата куќа за ублажување на кризата.

Сенаторите рекоа дека администрацијата на Бајден може сама да воведе санкции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.