Американскиот министер за одбрана Лојд Остин се очекува да се врати во Пентагон во понеделник по речиси еден месец во болница поради компликации по операција на рак на простата во декември, објавија странските агенции.
Лекарите од воената болница „Волтер Рид“, каде што беше примен Остин, информираа дека прогнозите за неговото здравје се одлични, така што нема да му треба дополнително лекување.
Хоспитализацијата на Остин, од 1 јануари, се држеше во тајност, за што дури и претседателот Џо Бајден поголемиот дел од првата недела од годината кога министерот беше на третман, не беше информиран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.