На „темната мрежа“ (dark web) (посебен дел од интернетот до кој е невозможен пристап со класични пребарувачи и го користат оние кои сакаат да останат анонимни, од тајни агенти до најсериозните криминалци), се појави видео за кое се тврди дека го снимиле американски разузнавачи, а го прикажува моментот кога руска ракета погоди штабен центар на украинската војска при што, според информациите, загинале педесетина украински генерали и офицери.
Според тврдењата, видеото е направено во близина на селото Широка Дача во регионот Днепропетровск во Украина.
Малото село стана познато кога портпаролот на Министерството за одбрана на Руската Федерација, генерал-полковник Игор Конашенков, за време на редовен дневен брифинг, изјави дека руската армија го уништила украинскиот команден центар во близина на тоа село.
Веста ја пренесоа многу светски медиуми, но се уште нема официјална потврда од украинска страна, ниту, пак, демант на случувањето.
Според лицето кое го објавило видеото, агент на терен правел видео и случајно го фатил моментот кога крстосувчка ракета „Калибар“ удрила во командниот центар и ја обезглавил украинската војска.
Засега нема независни потврди дека снимката е направена токму тогаш и на тоа место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.