Американскиот политоколог и колумнист, Мајкл Шеленбергер, на сослушувања во Конгресот презентираше докази за вмешаноста на американски и британски воени изведувачи во цензурата на социјалните мрежи и ја критикуваше американската влада за повикување на „софистицирани психолошки операции“.

Воени изведувачи на САД и Велика Британија, во периодот 2019-2020 година користеле софистицирани психолошки операции и тактики за дезинформација… против американскиот народ“, истакна политикологот.

Според Шеленбергер, Агенцијата за сајбер безбедност и инфраструктура на американскиот Стејт департмент е таканаречениот центар на гравитација во повеќето активности за цензура, а Националната научна фондација на САД го финансира развојот на алатки за цензура и дезинформации. Шеленбергер додаде дека други федерални владини агенции играат помошна улога.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.