На сите членови на њујоршката полиција, вклучително и на детективите во цивилна облека, им е наредено денеска да бидат опремени со целосна униформа и да бидат подготвени да се мобилизираат, пишуваат американските медиуми
Обвинителството од Менхетен, Њујорк, би можело да го обвини поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, за тоа дека платил на порно актерка да молчи за аферата што наводно ја имале тие. Тоа би било прва кривична постапка против поранешен претседател.
Од тие причини, полицијата во големите американски градови е во состојба на готовност односно се подготвува за потенцијални немири и демонстрации во случај Трамп да биде уапсен оваа недела во рамки на истрагата.
Барикади, пишуваат американските медиуми, вчера биле поставени пред Кривичниот суд на Менхетен, а забележливо е и зголемено полициско присуство пред кулата „Трамп“ во Њујорк.
На сите членови на њујоршката полиција, вклучително и на детективите во цивилна облека, им е наредено денеска да бидат опремени со целосна униформа и да бидат подготвени да се мобилизираат, изјавил полициски извор за „Си-би-ес“.
Полицијата и ФБИ, наводно веќе биле во контакт со американската тајна служба, чија задача е да ги обезбедува поранешните претседатели, за тоа како би можело да се случи потенцијалното апсење на Трамп.
Весникот „ЛА Тајмс“, пишува и дека во Лос Анџелес полицијата и федералните власти се подготвуваат за можни протести.
Трамп во саботата самиот објави дека очекува денеска да биде уапсен и повика на протест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.